Утрински Весник
Свет

Германија одби да испорача албански криминалец во Британија поради лошите услови во затворот

Претепана жена вработена во управа во затворот во Бугарија, била удрена со предмет по глава

Германскиот суд одби да испорача државјанин на Албанија обвинет за трговија со дрога во Обединетото Кралство, откако неговиот адвокат успешно тврдеше дека условите во британските затвори се толку лоши што би ги прекршиле неговите човекови права.

dobivaj vesti na viber

Албанецот, чиј идентитет не се соопштува, додека живеел во Обединетото Кралство бил обвинет за шверц на кокаин и перење пари во износ од 330.000 фунти, по што заминал во Германија. Поради тоа, Судот на Вестминстер издаде црвена меѓународна потерница од Интерпол и побара негова екстрадиција.

Албанецот е уапсен од германските власти по распишана потерница и сега е во притвор. Но, повисокиот регионален суд во Карлсруе во југозападна Германија го одби барањето за екстрадиција бидејќи не доби гаранции дека обвинетиот ќе биде задржан во соодветни услови по неговото враќање во Обединетото Кралство.

Неговиот адвокат Јан-Карл Јансен, кој студирал во Глазгов и вршел истражување за условите во британските затвори, презентирал докази за хронична пренатрупаност, недоволно персонал и насилство меѓу затворениците во британските затвори, пишува „Дејли мејл“.

Затоа, германскиот суд побара гаранции од властите на ОК дека осомничениот ќе биде притворен во услови кои се во согласност со минималните стандарди според Европската конвенција за човекови права.

На првото барање на судот пристигна одговорот на полициската станица во Манчестер, во кој едноставно се наведува дека се градат дополнителни 20.000 затворски места за да се реши проблемот со пренатрупаноста.

После тоа, судот во Германија повторно побара гаранции за соодветни затворски услови, на што не доби одговор и одлучи да одбие екстрадиција.

„Судот одлучи дека екстрадицијата на албанскиот државјанин во Велика Британија во овој момент е недозволива. Без британски гаранции, екстрадицијата не е можна со оглед на состојбата на британскиот затворски систем“, се вели во соопштението на судот.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30