Утрински Весник
Свет

Германија и Франција го поддржаа холандскиот премиер за генерален секретар на НАТО

20240222204925 Big 730x400 90.jpg

Германскиот канцелар Олаф Шолц го поддржа Марк Руте за генерален секретар на НАТО.

Холандскиот премиер во заминување е „извонреден кандидат“, според портпаролот на Шолц, Штефен Хебестрајт.

– Канцеларот Шолц го поддржува назначувањето на Марк Руте за нов генерален секретар на НАТО, објави Хебестрајт на платформата X, наведувајќи го „огромното искуство на Руте, неговата голема експертиза во безбедносната политика и неговите силни дипломатски вештини“.

Потврдата на Берлин следи по интензивната 24-часовна дипломатска кампања за зајакнување на поддршката за Холанѓанецот, во услови на неподготвеност од група од околу 10 земји, вклучувајќи ги и источноевропските земји како Унгарија и Турција. Политико вчера прв јави дека две третини од сојузниците на НАТО сега го поддржуваат Руте.

САД го поддржаа холандскиот политичар, а еден официјален претставник на белата куќа рекол дека американскиот претседател Џо Бајден го поддржува Руте, јави Политико. Следуваше Велика Британија, а подоцна денеска и Франција, каде висок функционер рече дека претседателот Емануел Макрон бил прв поддржувач на назначувањето на Холанѓанецот на оваа позиција, откако минатата година го распрашувал за функцијата.

На Руте ќе му треба поддршка од сите 31 сојузник во НАТО пред да биде номиниран за наследник на Јенс Столтенберг, кој се очекува да се повлече во октомври.

Можете да прочитате

Хезболах истрела 150 ракети кон Израел

Телефонски разговор Путин – Ердоган

Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија