Утрински Весник
Свет

Германија ќе го финансира купувањето на 180.000 артилериски гранати за Украина

20240402121121 Big 730x400 16.webp.webp
Dik 300x250 mk

Германското Министерство за одбрана соопшти дека земјата ќе и помогне на Чешка да ја зголеми доставата на муниција за Украина преку финансирање на набавка на 180.000 артилериски гранати, во вредност од 576 милиони евра. Минатиот месец министерот за одбрана Борис Писториус најави пакет помош за Украина во вредност од 478 милиони евра.

Според Министерството за одбрана, со оваа најава, вкупниот износ на помошта за Украина ќе надмине една милијарда евра.

Чешка покрена иницијатива за снабдување со гранати за да се задоволи итната потреба на Украина од муниција во борбата против руската инвазија која започна пред повеќе од две години.

Чешкиот премиер Петр Фиала на 8 март рече дека преку чешката иницијатива се собрани доволно средства од сојузниците за купување на првата серија од 300.000 артилериски гранати и дека вкупно 800.000 од тие гранати се достапни во трети земји.  Чешкиот претседател Петр Павел тогаш прецизираше дека на располагање се 500. 000  парчиња муниција од 155 милиметри и 300.000 од 122 милиметри.

Можете да прочитате

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната 

Новиот пакет санкции кон Русија вклучува 69 листи на индивидуални и економски рестриктивни мерки

Северна Кореја тестираше нови суперсонични ракети