Утрински Весник
Свет

Германија бара меѓународно сојузништво за литиум и кобалт за да ја намали зависноста од Кина

Germanija Rabotnici 5 1068x580 1.jpg

Германскиот министер за финансии Ларс Клингбајл денеска, пред заминувањето за Вашингтон, се заложи за поголема меѓународна соработка во областа на критичните суровини.

– Германија и Европската Унија се посветени на фер, заснована на правила и сигурна трговија, нагласи лидерот на Социјалдемократската партија (СПД) и вицеканцелар на Германија пред неговото заминување од Берлин.

Соединетите Американски Држави ги поканија министрите за финансии од неколку водечки индустриски земји да разговараат за пристапот до критичните суровини како литиум, кобалт и ретки земни метали. Овие ресурси се од клучно значење за клучните технологии, но нивното снабдување во моментов зависи од мал број земји, вклучувајќи ја и Кина.

– Пристапот до критичните суровини и сигурните синџири на снабдување се од најголема важност за економијата и за работните места, изјави Клингбајл.

Тој додаде дека Германија има силен интерес за проширување на меѓународната соработка за да се зајакне безбедноста на снабдувањето, да се намали зависноста и да се обезбедат сигурни економски услови, потенцирајќи дека е неопходно заедничко дејствување каде и да е тоа можно.

Можете да прочитате

Анкета: 79 % од Французите не ги одобруваат постапките на Макрон

Невреме ја зафати Италија – 24info.mk

Американска републиканска сенаторка остро реагираше по изјавата на Трамп за целосна контрола на Гренланд