Утрински Весник
Економија

Германците веќе се подготвуваат за рестрикции; Планот е – „малку овде, малку таму“

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Никој не знае дали Германија ќе има доволно гас во претстојната зима. Федералната агенција за мрежи, доколку е потребно, ќе одлучи кој ќе добие гас, а кој не. Шефот на оваа агенција, Клаус Милер, вели дека во случај на недостиг, ограничувањата ќе бидат „малку овде, малку таму“.

dobivaj vesti na viber

„ За недостигот дознаваме дури тогаш кога веќе не може да се спречи“, изјави Милер за весникот Handelsblatt. „ Се зависи од времето и од тоа колку потрошувачите користат греење“, додава Милер.

Тој објаснува дека ограничувања во случај на недостиг се можни низ цела Германија, но да се прогнозира каде е најголема опасноста е невозможно.

„ Во Германија насекаде може да има студени периоди. Ако зимата е навистина студена, ќе ни биде тешко“, вели Милер.

Кога станува збор за заштеда на гас, има уште многу работа. Во индустријата потрошувачката во август опадна за 22 отсто поради преминувањето на други извори на енергија, „но и поради сериозните прекини во производството“.

„ Индустријата работи како што побаравме“, рече шефот на агенцијата за мрежа, додавајќи дека доколку продолжи, со принудни намалувања ќе се спречат уште посериозни штети.

Од друга страна, Милер е изненаден што претходните денови се потрошил повеќе гас во приватните домаќинства – и покрај убавото време и високите цени. „Тоа мора да се промени“ оценува тој.

Милер претпоставува дека многу сопственици на куќи и здруженија за домување не ги поставиле своите гасни системи така што тие автоматски се загреваат кога температурата ќе падне под одреден праг.

Можете да прочитате

Трендафилов: Срамота е да се фалите со покачување од 1.500 денари на минималецот

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители