Гереманија со 33:26 ја победи Холандија и се пласираше во четврт-финалето на Светското првенство во ракомет во Полска и Шведска, така ставајќи крај на сите надежи на Србија за пласман во финалната рунда на Мундијалот.
Германците од почеток до крај ја има предност против „лалињата“, правејќи предност од 3 гола, а во второто полувреме таа постојано да расте. Јури Кнор со 9 гола и Јоханес Гола, Јулија Костер и Каи Хафнер со четири гола беа предводници на Германците додека кај Холанѓаните, Каи Смитс имаше шест, а Лук Стеинс заврши со пет гола. Во последното коло од групата, Германија и Норвешка ќе се борат за првото место во групата 3.
Данска, пак, со 33:24 ја совлада репрезентацијата на САД, со што шансите на Хрватска за пласман останаа во доменот на теоријата – во последното коло Данска треба да загуби од Египет, а Хрватска да ја победи САД со над 20 голови разлика.
СП РАКОМЕТ 2023
ГРУПА 3
Србија – Аргентина 28:22 (12:10)
Катар – Норвешка 17:30 (9:14)
Холандија – Германија 26:33 (12:15)
ГРУПА 4
Бахреин – Египет 22:26 (9:13)
Хрватска – Белгија 34:26 (21:23)
САД – Данска 24:33 (10:18)