Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Златните славејчиња и Дедо Мраз ќе ги израдуваат дечињата во Рамстор Мол, дојдете во вторник на новогодишна бајка

Zlatni Slavejcinja.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Општина Центар информира дека во вторник, 24 декември со почеток од 12:00 часот, нашите златни славејчиња ќе настапат во трговскиот центар Рамстор Мол, на првиот кат.

Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите дечиња и нивните родители на овој детски настан кадешто ќе дојде и Дедо Мраз кој ќе ги изненади најмладите.


„Дечињата ќе имаат можност да уживаат, да се дружат, да пеат и играат со другарчињата на песните од Златно славејче. Сите родители и деца се поканети да присуствуваат на овој весел настан кој ќе донесе многу радост и насмевки. Предновогодишните празници да ги поминеме заедно исполнети со многу среќа и радост”, истакнува Герасимовски.

Можете да прочитате

Без струја корисниците на улицата Христо Татарчев во Кисела Вода

Без вода делови од „Октомвриска револуција“, „Партизански одреди“ и „Наум Наумовски Борче“

Меџити-Спиропали: Во фокусот актуелните случувања