Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Започна исплатата на субвенциите за велосипеди, повикот за дополнителна опрема е сè уште активен

Whatsapp image 2026 07 13 at 09.22.26.jpeg

Општина Центар почна со исплата на субвенциите за купен велосипед преку проектот „Цел Центар на точак”. На сметките на граѓаните веќе се исплатени првите 90 барања, а во следниот период ќе се реализираат и останатите 100.

Преку оваа еколошка мерка, општината покрива 30 отсто од сумата, односно до 3.000 денари за купување нов велосипед. Истовремено, сè уште е отворен повикот за субвенционирање дополнителна опрема за велосипеди, каде финансиската поддршка изнесува до 1.000 денари.


„Општина Центар сосем заслужено ја носи титулата највело општина во државата. Први почнавме со субвенционирање на алтернативниот превоз, а на барање на граѓаните, први воведовме и поддршка за купување дополнителна опрема”, рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Проектот „Цел Центар на точак” е директна инвестиција во одржлива урбана мобилност, поздрави навики на граѓаните и почиста животна средина во центарот на градот.

Можете да прочитате

Во Скопје вечер 13. дезинсекција против комарци сезонава

ДУИ: Дивоградбата на државно земјиште повторно се гради, Град Скопје и Општина Чаир молчат

Собрани 675 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад