Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Велигден е потсетник дека само заедно можеме да изградиме праведно и солидарно општество

Whatsapp image 2025 04 20 at 08.59.56.jpeg

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод најголемиот христијански празник Велигден, упатува честитка до граѓаните, нагласувајќи ја потребата од заедништво, социјална правичност и грижа за секој поединец – вредности кои ја обликуваат визијата за похумано и праведно општество.

„Велигден е празник кој го слави животот, надежта и човечноста. Тоа е време на длабока духовна смисла и можност да се потсетиме дека општеството го градиме заедно – со отворени срца, солидарност и чувство на одговорност кон секој човек”, истакна Герасимовски.


Тој порачува дека празничните денови се можност не само за духовно обновување, туку и за поттикнување на емпатија и конкретни дела на добрина, особено кон најранливите категории на граѓани.

„Нашата цел како локална самоуправа е да бидеме блиску до луѓето – да слушаме, да помагаме, да создаваме можности. Велигден нека ни биде потсетник дека никој не смее да биде заборавен, дека секое семејство заслужува достоинствен живот, и дека само преку заедничка грижа може да напредуваме како вистинска заедница. Во секој дом нека владеат љубов, разбирање и топлина. Да го споделиме празничниот дух со сите околу нас и да продолжиме заедно да го градиме Центар како отворена, грижлива и правична општина. Христос воскресе!”, вели Герасимовски.

Можете да прочитате

Утре и во понеделник нема да се плаќа паркирање на ЈП „Градски паркинг“ – исклучок се неколку места

Без струја денес делови од една скопска населба

Дел од улиците низ Скопје ќе бидат затворени заради верскиот празник Велигден