Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Услугата Итно копче е одлично прифатена од пензионерите

E269d221 9c78 4146 9cca 9717c993b381.jpeg
Dik 300x250 mk

Општина Центар вложува во подобрување на квалитетот на живот на највозрасните центарци преку различни услуги и активности. Една од новите мерки е воведувањето на услугата „Итно копче”, која им обезбедува брза реакција во итни ситуации на повозрасни граѓани над 65 години. Оваа бесплатна услуга е особено наменета за лица кои живеат сами или со партнер со нарушена здравствена состојба. 

 „Општина Центар е посветена нашите највозрасни сограѓани да чувствуваат сигурност и поддршка. Преку услугата Итно копче, нега за стари лица, како и со бесплатните стоматолошки услуги се стремиме да го подобриме нивниот квалитет на живот и да им овозможиме активен и достоинствен живот”, изјави Герасимовски на средбата со повозрасните центарци во пензионерскиот клуб Дане Крапчев.


Во изминатите три години, Општина Центар додели еднократна парична помош на повеќе од 3.500 пензионери, со вкупна сума од над 10 милиони денари.

Герасимовски, најави дека и оваа година ќе биде организирана еднодневна екскурзија за пензионерите.

Можете да прочитате

Мециновиќ: Повикувам на поддршка од сите здраворазумни луѓе, од граѓанскиот сектор – победата ќе биде надпартиска, таков ќе биде и мандатот

Герасимовски: Со преземање на ингеренции на Комунална хигиена и формирање општинско претпријатие го решаваме проблемот со сметот

Утре и во недела посебен режим на сообраќај во Скопје