Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: Со употреба на механизирани паркинг системи го решаваме хаосот со паркирањето во градежните парцели во Центар

Герасимовски: Со употреба на механизирани паркинг системи го решаваме хаосот со паркирањето во градежните парцели во Центар

На денешната 14-та седница, покрај останатите точки, на предлог на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, Советот ја донесе и Одлуката за доуредување на начинот на обезбедување паркинг места во рамките на градежна парцела со употреба на механизирани паркинг системи.

dobivaj vesti na viber

Со оваа одлука се пропишува начинот на обезбедување паркинг места со употреба на механизирани паркинг системи (т.н. „клацкалки“) во рамките на градежните парцели. Механизирани паркинг системи се сите видови на машински потпомогнати системи со кои се обезбедува подигање и/или спуштање на возила со цел искористување на просторот под, односно над друго возило како дополнително паркинг место, а притоа не претставуваат градежни структури.

Со одлуката се забранува употребата на механизирани паркинг системи со повеќе од две нивоа, а нивната употреба се ограничува во рамки на градежната парцела, односно во делот кој е предвиден за градење, каде што системите може да се поставуваат на приземното ниво и во подземните нивоа.

„Оваа одлука неколку месеци ја разработуваме, за да можеме да ја образложиме и претставиме пред Советот. Најголем проблем се зградите и паркинзите таму, а наше е да имаме законски увид. Со оваа одлука решаваме еден голем проблем, а размислуваме да се формира комисија за домување, која за задача ќе има по градењето да врши увид на терен, да види што се случува со паркирањето и дали се користат механизираните системи“, изјави на седницата градоначалникот Герасимовски.

Во градежните парцели со површина до 1000 метри квадратни, дозволена е употреба на механизирани паркинг системи доколку најмалку 50% од потребниот број на паркинг места се обезбедени без механизирани системи, а за оние парцели со површина од над 1000 метри квадратни дозволена е употреба доколку најмалку 90% од потребниот број на паркинг места се без паркинг системи.

Можете да прочитате

Пресек на состојбата со пожарите – гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес

Лишен од слобода “бајач” од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Бошњаковски ја разгоре искрата на Ѓорѓија Пулески, 150 години после „Речникот на три јазика