Утрински Весник
Скопје

Герасимовски се сретна со 8 стипендистки од Центар: Инвестираме во поквалитетни генерации, поздравена мерката за настава без мобилни телефони

Whatsapp Image 2025 02 11 At 14.06.37.jpeg

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска се сретна со 8 стипендистки од осум основни училишта во Центар по повод одбележување на Меѓународниот ден на жените и девојчињата во науката, 11 февруари. 

На средбата, Герасимовски и стипендиските разговараа за постигнувањата во природните науки, за образованието, но и за препораките за некористење на мобилни телефони за време на настава. 


„Чест ми е што денеска имав можност да ве запознаам и да поразговарам, со дел од вас се знаеме, добитнички сте на највисоката наградата „Феникс” на Општината во делот на науката. Вие сте нашите стипендистки, нашата иднина и гордост во државата и ние како локална самоуправа ќе инвестираме во вашето знаење и во што поквалитетни генерации. Огромна благодарност до наставниот кадар за сето она што го работат, за целиот труд и посветеност кон вас учениците, што придонесуваат од овие училишни клупи да излезат што поквалитетни и подобри генерации. Бидете упорни, вложувајте во себе, правете го тоа што го сакате, јас сум сигурен дека ќе успеете во соновите што ги сонувате”, рече Герасимовски. 

Наставниот кадар и учениците, ја поздравија мерката за одземање на мобилните телефони за време на наставата. Тие потенцираат дека учениците се пофокусирани и активни на часовите. Општина Центар е првата општина во државата што препорача да не се употребуваат мобилни телефони за време на наставниот процес. 

Можете да прочитате

ЗАПОЧНА АКЦИЈАТА ЗА ПОДИГАЊЕ НА ХАВАРИСАНИ ВОЗИЛА НИЗ КАРПОШ

Поради дефект ГТЦ утре без вода

Герасимовски: Очекувам во најкус рок иницијативата за вандализмот да се преточи во закон, барам поддршка од сите пратеници