Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: Продолжуваат зачестените контроли на градилиштата, инвеститорите да градат согласно одобренијата

Герасимовски: Ги исполнивме сите проекти кои ги побараа пензионерите

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, придружуван од општински служби, изврши увид на 5 градилишта во населбата Пролет и Дебар маало. Општина Центар продолжува со спроведување на зaчестени инспекциски контроли, со цел директен увид во изведувањето на градежните работи и почитување на законските прописи.

dobivaj vesti na viber

„Заедно со општинските служби продолжуваме да вршиме инспециски контроли со цел доколку е потребно да изведеме брза реакција за нелегалните и небезбедни градежни активности на градилиштата. Целта на теренските контролите е почитување на законските прописи вклучувајќи го хуманото градење и безбедноста на граѓаните. На сите инвеститори кои градат во рамки на Општина Центар им порачувам да ги почитуваат законските процедури при изведување на градежните работи, да градат согласно одобренијата затоа што во спротивно секое отстапување ќе биде санкционирано” порача Герасимовски.

Можете да прочитате

Доаѓа снегот во Македонија: Пообилни врнежи во западните и во јужните предели

СДСМ Бараат оставка од Филипче – Монти Пајтон политиката на ВМРО

Не стигнало барање за одземање на имунитетот на судијата Ристов, вели Камбовски