Утрински Весник
Спорт

Герасимовски покажа како ќе изгледа новата сала Работнички: Го враќаме домот на македонската кошарка, работиме во полн ек

Sala Rabotnicki 1.jpeg

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски со рендер фотографии ја информира јавноста како треба да изгледа проектирањето и реконструкцијата на новата сала Работнички. Тој вели дека скопјани во Новата година добиваат целосно реконструирана спортска сала Работнички којашто е симбол на Центар и Скопје.

“Во Новата година го враќаме домот на македонската кошарка, го враќаме достоинството на нашите кошаркари. Минатата недела почнавме со реконструкција на првата фаза, кадешто ќе биде поставена нова фасада и кров, а исто така, ќе се реновираат и канцелариските простории во кои беа сместени спортските федерации. Активностите се одвиваат во полн ек, очекуваме веќе во месец март да започне реконструкцијата и на втората фаза”, потенцира Герасимовски.


Новата сала Работнички ќе биде согласно стандардите на ФИБА, со нови седишта, соблекувални, туш кабини, поставување на климатизација и подно греење.

Со реконструкцијата ќе се овозможи враќање на клубот на европската кошаркарска сцена.

Можете да прочитате

ТФТ ја елиминира Сутјеска, против Широки Бријег за влез во АБА лигата

ТФТ избори финале во АБА 2 лигата

Скопје ќе биде светски училишен ракометен центар