Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: Поддршката од САД е клучна за развојот на нашата земја

Герасимовски: Поддршката од САД е клучна за развојот на нашата земја
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со претставникот на Стејт департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар. На средбата разговараа за актуелната состојба во регионот и во државата, но и за тоа како локалната самоуправа придонесува во евро-атлантската интеграција.

dobivaj vesti na viber

Високиот американски дипломат укажа дека Северна Македонија е голем билатерален партнер и извонреден сојузник во НАТО и потсети на стратешкиот дијалог што САД го имаа со Северна Македонија во јуни во Вашингтон. Поддршката што Република Северна Македонија ја добива од Соединетите Американски Држави, како стратешки партнер е од клучно значење за развојот на држава.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски е во 10 дневна посета на Соединетите Американски држави организирана од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.

Во Вашингтон Герасимовски е со колеги политичари од Хрватска, Унгарија, Кенија и Боцвана каде ги претставува политиките на државата.

Во текот на вчерашниот ден Герасимовски учествуваше во предавањата каде главна тема беа медиумите и нивната улога во политиката.

Предавањата ги одржа Jasmine Wright, репортерка во CNN задолжена за случувањата во Белата куќа, а предавања одржаа и локалните советници од општини во државите Мериленд и Вирџинија, кои по завршувањето на посетата во САД, ќе бидат применети во секојдневна работа на општината.

Можете да прочитате

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата 

Сончево и студено време со засилен северен ветер утре

Осумгодишно дете од Врапчиште повредено од експлозија на петарда