Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Парк на Франкофонија добива паметно осветлување 

Whatsapp Image 2024 05 21 At 12.26.31 F96fe3b1.jpg

Од Паркот на Франкофонијата започна инсталирањето на Тип 3 светилките кои се дел од паметното осветлување на јавни површини во Општина Центар. Овие светилки имаат различен и декоративен дизајн и истите ќе бидат инсталирани во паркови, шеталишта, основни училишта, градинки и на други локации. Од Тип 3 светилките ќе бидат инсталирани 715 парчиња со моќност на светилка од 34W. Градоначалникот Горан Герасимовски појаснува дека новите ЛЕД светилки немаат еколошки штетни материјали, немаат UV зрачење, имаат висок и предвидлив животен век, намалена потрошувачка на електрична енергија, висока светлосна ефикасност, одличен индекс за рендерирање на бои, лесни се за рециклирање, помалку привлекуваат ноќни инсекти и се отпорни на вибрации и удари.

„Со инсталирањето на паметното јавно осветлување се покажа дека Општина Центар е носител на иновации кои носат бенефити на граѓаните. Со новото осветлување општината ќе ја унапреди енергетската ефикасност со тоа што ќе оствари заштеда до 70% на потрошувачката на електрична енергија за јавно осветлување и повеќе од 75% на трошоците за одржување на постојниот систем. Ова лед осветлување со технологија за автоматско димирање односно подесување на светлината следејќи го заоѓањето на сонцето не само што носи заштеди туку и нови инвестиции кои ќе произлезат од тие заштеди”, порачува Герасимовски.

Герасимовски информира дека Тип 3 светилките ќе бидат инсталирани на споредни и резиденцијални улици, како и во паркови, шеталишта, градинки и училишта. Инсталирањето на паметното осветлување го прави А1 Македонија и истото ќе се одвива етапно според урбани заедници.

Можете да прочитате

Наградени најдобрите матуранти на Град Скопје

Посебен режим на сообраќај на 16.06.2024 (недела) во општина Илинден

Над 50 волонтери со цртежи ќе го разубавуваат стационарот за бездомни кучиња „Лајка“