Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Општина Центар е пример за инклузија на сите деца со попреченост

Inkluzija 3.jpg

Денеска на Денот за подигање на свеста за церебралната парализа градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со директорот на ЈУМЦСР Изеир Мемеди ја посети работилницата во Центарот за деца со церебрална парализа отворен  во ООУ „Киро Глигоров” на која покрај децата со церебрална парализа се приклучија и второодделенците од училиштето и децата од Центарот со Даунов синдром. „Општина Центар ја негува инклузивноста, а доказ за тоа е и ова училиште кое всушност е прво училиште во државата со отворен дневен Центар за деца со церебрална парализа. Центарот има капацитет за згрижување на 40 корисници, а во моментов го посетуваат 32. На денешната работилница може да видиме дека децата одлично се дружат, тие овде ја добиваат целата поддршка согласно нивните индивидуални потреби, имаат на располагање стручен кадар но и најсовремени средства и дидактички материјали. Овој Центар претставува голем чекор којшто обезбедува инклузија за сите деца со попреченост”, порача Герасимовски. Центарот за деца со церебрална парализа започна со работа во 2019 година, тој се протега на површина од 305 м2 и истиот е опремен со антибактериски подови, тоалети адаптирани за потребите на лицата со церебрална парализа, кујна по хасап стандарди, рампи за пристап до ботаничка градина и спортски терени во училиштето, клинео плафони, адаптибилно загревање и интерактивни табли. Општина Центар преку отворање на ваков центар покажува грижа и целосно вклучување на лицата со попреченост во општеството како и огромното значење за локалната заедница во обезбедување поквалитетен живот за сите граѓани во целата заедница. Хуманото и инклузивно образование кое го негува Општина Центар особено во ООУ „Киро Глигоров” е пример кој треба да го следи секоја општина.

Можете да прочитате

И тоа го има: Преку ноќ му го урнале објектот за да градат зграда

ЈП Лајка: Граѓаните да не оставаат мали кучиња пред нашиот објект

Утре делови од една скопска општина без вода