Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин”, инвестиција од 5,99 милиони денари

Whatsapp image 2026 08 04 at 10.18.17.jpeg

Општина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин” се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри.

Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните.

„И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј”, следно е спортската сала во училиштето „Коле Неделковски” и „Гоце Делчев”, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов”, рече градоначалникот Герасимовски.

Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец.

Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува со континуираниот процес на подобрување на инфраструктурата во училишните и  предучилишни установи на својата територија.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост