Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Герасимовски најави посета на сите осум пензионерски клуба во Центар: Ние сме пример за грижа кон пензионерите

Penzioneri 1.jpeg
300x250 opst2

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, денеска беше во посета на пензионерскиот клуб „Невена Георгиева Дуња” кадешто се сретна со пензионерите и ги информираше за проектите што општината ги имплементира за нивен подобар квалитет на живот.

„Животот е убав во секоја доба! Денешниот ден го започнав во добро друштво на нашите центарски пензионери од пензионерскиот клуб „Невена Георгиева Дуња”. Заеднички се подруживме, игравме карти, домино, разговаравме, но и ги информирав за сите оние проекти кои ги има општината за потребите на нашите повозрасни жители. Во изминатите четири години реализиравме голем број на проекти за пензионерите. Со Црвениот Крст потпишавме договор за реализација на услугата „Итно Копче”, со што на жителите им се обезбедува помош во итни ситуации, во домашни услови. Центар е прва општина што обезбеди нега на пензионери во нивните домови со проектот Сервис за стари лица „Центар се грижи за возрасните”. Среќен сум што реакцијата за овие проекти се позитивни од пензионерите”, рече Герасимовски. 


Герасимовски, истакна дека во следниот период ќе ги посети сите осум пензионерски клубови на територија на Општина Центар.

„Мојот мандат како градоначалник го почнав со отворање на три пензионерски клуба и во следниот период ќе ги посетам сите осум клуба во Центар. Секој ден носи нови можности и радости, пензионерите ни покажуваат дека секоја фаза од животот има своја посебна убавина. Ме радува нивниот позитивен став и енергија, која е вистинска инспирација за сите нас. Да учиме од повозрасните, тие се мудрата генерација”, посочи Герасимовски. 

Можете да прочитате

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и една клика луѓе кои 20 години го ограбува

(Видео) „Реално“ со Марко и Дејан Митески: Аеродром може да остане зелена и мирна општина

Ацевски: Нудиме хумано живеење, Буџетот не смее да се полни со 30 нови висококатници во срцето на Ѓорче