Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Македонскиот јазик е нашиот дом, да го негуваме, развиваме и пренесуваме за идните генерации

Gerasimovski.webp.webp

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, упатува честитка по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Во честитката, тој истакнува дека јазикот е нашиот дом, корен и завет.

„Нека ни е честит Денот на македонскиот јазик. Гордо го славиме 5 Мај, денот кога македонската азбука беше озаконета и поставен темелот на нашиот јазичен идентитет. Јазикот е наш дом, наш корен и наш завет. Да го негуваме, развиваме и пренесуваме со љубов и посветеност, денес и за идните генерации. Македонскиот јазик заслужува да се слуша, чита и почитува, насекаде”, вели Герасимовски.


Можете да прочитате

Герасимовски: Поставени сите уреди за мерење бучава – инспекциските служби вршат контроли на 30 локации во Центар

Орце Ѓорѓиевски: Градот убав повторно блесна

ОЈО Скопје отворило предмет за „Зимзоленд“ – ќе испитува дали има елементи на делото предизвикување општа опасност