Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Како градоначалник секогаш давам личен пример, возам велосипед, помагам во акции за чистење

Gerasimovski.webp.webp
Dik 300x250 mk

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за 360 степени остро одговори на критиките за неговото вклучување во акциите за чистење неколку дена пред изборите, посочувајќи дека хигиената и теренската работа се дел од неговиот пристап цел мандат, а не ПР-акција.

„Тоа е една од многуте лаги што ги слушам изминативе месец дена. Еве ја мојата програма, тука има сè: и програма, и отчет, и сработено заедно со граѓаните. Тоа е доказ дека изминатите четири години сме се грижеле за сè, вклучувајќи ја и хигиената. Граѓаните не гледаат и нас, и механизацијата, и вработените, секојдневно на терен”, изјави Герасимовски.


Тој посочи дека неговиот противкандидат, иако бил заменик-министер, не покажал никаков интерес за проблемите на Центар ниту за време на мандатот, ниту преку конкретни акции.

„Човек кој е заменик-министер година и пол, кој ако ги прашате граѓаните дали знаат кој е и каде работи, мислам дека само 1% ќе дадат позитивен одговор. Четири години го немаше никаде кога се работеше на терен, кога чистевме диви депонии, ѓубришта. Сега постојано се слика за ПР. Добро е да се праша – фрли ли барем една кеса ѓубре во канта? Е тоа е пример – не само да критикуваш, туку и да покажеш”, додаде тој.

На прашањето дали е воопшто работа на градоначалник да собира смет, Герасимовски одговори дека не станува збор за функција, туку за однос.

„Делумно се согласувам. Но ние треба да бидеме пример. Ние не сме само менаџери – ние сме домаќини на општината и треба да ја водиме домаќински. Исто како дома. Затоа почнав со велосипедот, затоа сум со хигиеничарите, затоа бев на секој пожар заедно со пожарникарите, носев вода со вработените. Кога падна дрво пред ‘Киро Глигоров’, излегоа први вработените од Општина Центар – иако тоа треба да го прават ЈП ‘Паркови и зеленило’. Така се води општина. Со личен пример”, заклучи Герасимовски.

Можете да прочитате

Мециновиќ: Сега сме веќе движење – вие кои ги знаете пораките и целите, пренесете им на вашите најблиски за заедно да славиме победа 

Герасимовски: Сами се справивме со сметот, барам да ги преземеме ингеренциите на Комунална хигиена за Центар

Без струја делови од две скопски општини