Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Исчистена депонијата под Кале, не дозволуваме центарци да се гушат во смет

Pod kale 17.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со ЈП „Паркинзи на Општина Центар” – ПОЦ и вредните хигиеничари денеска спроведоа голема акција за чистење на депонијата кај полигонот на Кале.

Во изјава за медиумите, Герасимовски потенцираше дека изминатите четири години го сработуваат и она што Град Скопје не го работи.


„Денеска се чисти просторот под Кале, добро познатиот полигон, каде што се сочуваме со огромна депонија. Нема да дозволиме центарци да се гушат во смет. Заедно со нашите тимови на луѓе, заедно со хигиеничарите, заедно со сите вработени сме постојано на терен, дури и во ноќните часови. Изнајмивме дополнителна механизација за цело ѓубре што се прелева на улиците и на одредени депонии биде отстрането од наша страна”, вели Герасимовски.

Тој, истакна дека по завршувањето на чистењето на депонијата во населбата Крњево, викендов хигиеничарите продолжиле со чистење и целосно отстранување на опожарените бараки во кои беше сместен поранешниот Суд за прекршоци, кај салата „Партизан” во Градскиот парк.

„Нашите служби, заедно со мене, заедно со директорот на ПОЦ Душко Коцевски ќе бидеме постојано на терен за да ја подигнеме хигиената на што повисоко ниво”, потенцираше Герасимовски.

Во чистењето на депонијата кај Кале, вклучена беше целата механизација со хигиеничарите.

Можете да прочитате

Арсовска се жали на ДКСК за објавената листа на градоначалници

Нула смртност на скопските улици

Левица-Аеродром: Зимзоленд сеуште работи – 24info.mk