Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Исчистен сметот на улицата Славејко Арсов на Водно, обезбедени канти на Кале

Whatsapp Image 2025 01 31 At 21.22.01.jpeg

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Службите на Општина Центар го исчистија сметот од улицата Славејко Арсов, на Водно. 

„Акцијата за чистење на смет од центарските улици се одвива без застој. Улицата Славејко Арсов е комплетно исчистена од смет и подигната е хигиената на повисоко ниво. Нашите 120 хигиеничари секојдневно се на терен, работат во две смени со цел обезбедување на чист Центар за сите нас. Им упатувам огромна благодарност што неуморно се вложија во големата акција за чистење којашто трае една недела, откако Град Скопје потфрли. Апелирам до граѓаните да се грижиме за средината, а Град Скопје викендов да го исчисти сметот од улиците кадешто е надлежна за да не се соочиме повторно со истата ситуација од претходниот викенд. Центар не чека, Центар чисти”, вели Герасимовски. 


Во населбата Кале, обезбедени се шест контејнери за фрлање смет од страна на Општината откако при чистењето и миењето на улиците во едно од маалата на Кале беше утврдено дека имаат само една канта од Град Скопје. 

Ги повикуваме граѓаните да пријават смет и диви депонии на следните телефонски броеви: 076/350-767 и 02/3203-693. 

Можете да прочитате

Данела Арсовска останува на функцијата дури и да се изгласа отповик на градоначалник пред летото, законот не е ретроактивен, вели Перински

Зимската служба во Ѓорче е активна на терен, информира градоначалникот Стојкоски

Изминатата недела санкционирани 150 непрописно паркирани возила во општина Центар