Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Градинката Пролет изградена по светски стандарди, прва по 50 години и финансирана од општината

Gradinka Prolet 5.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека новата градинка Пролет која е прва по пет децении е изградена по највисоки светски стандарди за поквалитетен престој на дечињата и подостоинствени услови за работа на вработените.

„Градинката Пролет е прва во населбата Пролет и прва по 50 години во општината. Истата е енергетски ефикасна и модерна која треба да обезбеди опфат на 173 деца, сместени во 9 занимални. Горд сум што инклузивноста и пристапноста на децата со попреченост е воспоставена во проектот на градба. Градинката ќе располага со лифт и надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попречености. Изградбата се одвиваше според предвидената динамика, брзо и непречено. Во месец март се надевам дека дечињата од населбите Пролет и Маџир Маало ќе бидат згрижени во оваа предучилишна установа”, рече Герасимовски.


Новата градинка Пролет има вкупна бруто површина од 3.276 метри квадратни и целосно е финансирана од Општина Центар во висина од околу 2.5 милиони евра.

Можете да прочитате

„Зимзоленд“ продолжува со работа до 5 јануари

Арсовска се жали на ДКСК за објавената листа на градоначалници

Нула смртност на скопските улици