Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Ги повикувам сите центарци во недела да гласаат за Центар што го сакаме

Od vrata do vrata 28.jpeg

„Во програмата за вториот мандат предвидуваме изградба на модерен дом за стари лица, нова градинка, два покриени базени, катни гаражи, зголемени субвенции за учениците, бесплатни екскурзии и оброци. Продолжуваме да работиме во интерес на сите центарци, без поделби”. Ова вчера, го истакна кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски на средбите со граѓани, на терен, од врата до врата. 

Тој, потенцираше дека во изминатите четири години покажале дека може да се функционира чесно, отчетно и транспарентно.


„Инвестиравме во градинки, училишта, паркови, улици и јавни услуги што се од голема важност за нашето секојдневие. Граѓаните беа вклучени во процесите на одлучување и заедно креиравме политики за подобар живот. Почнавме вистински промени и сега е време тие да продолжат. Имаме јасна визија, Општина Центар како пример за европска, зелена, дигитална и хумана општина, која се грижи за сите генерации најмладите, семејствата и пензионерите”, рече Герасимовски. 

Герасимовски, ги повикува сите граѓани на општината, во недела да излезат на гласање и да го дадат својот глас за концептот „За Центар што го сакаме”, за повеќе зеленило, за подобар квалитет на живот, за посреќни центарци. 

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост