Општина Центар рано наутро започна со чистење на сметот низ општината, информираат од Општина Центар.
„Во акцијата, како што дополнуваат биле вклучени речиси сите вработени од комуналната служба во ЈП „ПОЦ“ со целата механизација како и голем камион за кревање на контејнери.
Според надлежните во оваа општина покрај собирањето на ѓубрето на терен била пуштена и цистерна која ги миела контејнерите и просторот околу нив каде имало натрупано вреќи со отпад кои предизвикуваат непријатна миризба.
„Уште рано наутро почнавме со чистење низ цел Центар. Во сите населби има преполни контејнери и дојави од граѓани стигнуваат од секаде. Целата механизација е на терен и очекувам денеска да се исчисти голем дел од општината. Оваа ситуација во која се наоѓаме сите општини не смее да се повтори затоа денеска со сите градоначалници ќе разговараме за одземање на ингеренциите на ЈП „Комунална хигиена”. Воедно им се заблагодарувам и на сите вработени кои со зголемени капацитети се вклучија во акцијата со цел побрзо чистење на општината“, изјави Герасимовски.
„Герасимовски уште вчера најави чистење на општината со сопствени ресурси и ги поттикна другите градоначалници да го направат истото“, се додава во информацијата од Општина Центар.