Утрински Весник
Македонија

Генералниот секретар на ТХП, Џабир Доко: Претставеноста на турската заедница не смее да биде сведена на симболика

6213da09 65ab 476f 8379 be5dfec1c9ab.jpg

Генералниот секретар на Партијата за движење на Турците (ТХП), Џабир Доко, на денешната прес-конференција изрази сериозна загриженост по повод последната реконструкција на Владата и вклучувањето на Демократската партија на Турците (ДПТ) во владејачката коалиција.

Џабир Доко истакна дека ТХП го почитува демократското право на политичките партии да учествуваат во власта, но оцени дека симболична функција без реални надлежности не може да се претставува како „зајакнување на претставеноста” на турската заедница.

„Доколку навистина постоела политичка волја за подобрување на положбата на Турците во институциите, тоа можело да се реализира уште при формирањето на Владата. Наместо тоа, турската заедница повеќе од две години остана без соодветна и правична застапеност”, нагласи Доко.

Тој посочи дека јавноста има право да добие одговори од ПДТ за тоа што се променило во нивните ставови во однос на Законот за правична застапеност, изборниот модел со една изборна единица, Законот за високото образование, европските интеграции, економските политики и независноста на судството.

Во своето обраќање, генералниот секретар на ТХП истакна дека коалициите изградени врз политички функции и лични интереси, не носат вистински придобивки за турската заедница.

„Партија за движење на Турците (ТХП) останува доследна на своите принципи и ќе продолжи да се залага за достоинствена, суштинска и ефективна застапеност на Турците во институциите, како и за целосно остварување на нивните уставно загарантирани права”, порача Доко.

Можете да прочитате

Ново поскапување на горивата, дизелот близу 100 денари за литар

Тошковски: Водата во Гостивар е безбедна за техничка употреба, но не и за пиење

Кривична пријава за сопственик на фирма, го оштетил буџетот за над 60.000 евра