Утрински Весник
Свет

Генерален штрајк во Италија, големи прекини во сообраќајот

20250620105753 big 730x400 4.webp.webp

Во Италија денеска има 24-часовен генерален штрајк наречен „Црн петок“, кој го прогласија пет синдикати, а главните барања се намалување на буџетските средства за одбрана и пренасочување на парите во здравството, образованието, јавниот превоз и безбедноста на работа.

Протестот ги опфаќа сите категории, од здравствена заштита до училишта. Синдикатите бараат и зголемување на платите, обновување на колективните договори и намалување на работното време, а се спротивставуваат и на приватизацијата и несигурните договори на определено време.


Штрајкот почна синоќа во 21 часот и ќе трае до 21 часот денеска, а се очекуваат значителни прекини во воздушниот, железничкиот и локалниот транспорт низ целата земја, објавува италијанската „Стампа“.

Најмногу проблеми се очекуваат во железничкиот сообраќај, бидејќи вработените во државните железници најавија дека и денеска до 21 часот нема да работат, што значи откажување на брзите, регионалните и возовите на долги релации.

Кога станува збор за воздушниот транспорт, во штрајкот се вклучени работниците задолжени за товарење и истовар на багаж, возачите на автобуси кои ги превезуваат патниците до авионите, како и персоналот на земја. Летовите се загарантирани од 7 до 10 часот наутро и од 18 до 21 часот навечер, како што е наведено на веб-страницата на Националната управа за цивилно воздухопловство (ENAC), каде има список на летови што сигурно ќе бидат реализирани.

Секој италијански град пристапува кон генералниот штрајк на свој начин. Во Рим, јавниот превоз не сообраќа од 8:30 до 17 часот и од 20 часот па натаму, што значи дека автобусите, трамваите и метрото сообраќаа само до 8:29 часот и ќе сообраќаат од 17 до 19:59 часот. Во Милано, превозот нема се одвива од 8:45 до 15 часот и по 18 часот.

Можете да прочитате

Велика Британија го повлекува персоналот од Амбасадата во Иран

УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран

Повеќе од 30.000 луѓе се евакуирани поради поплави во јужна Кина