Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Генерален штрајк во Франција: Граѓаните револтирани поради зголемените трошоци за живот

Генерален штрајк во Франција: Граѓаните револтирани поради зголемените трошоци за живот
300x250 opst2

Во Франција во тек е генерален штрајк поради зголемените трошоци за живот. Јавниот транспорт е особено погоден, а штрајкови има и во здравствената и прехранбената индустрија, според локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за продолжување на штрајкот кој започна пред три недели во енергетската компанија „ТоталЕнерџис“ и кој веќе предизвика недостиг на гориво.

Поради повеќенеделниот штрајк во рафинериите и магацините на нафта, бензинските пумпи имаат големи проблеми со снабдувањето, па возачите мораат да чекаат во редици за гориво неколку часа. Француската влада нареди некои од штрајкувачите да се вратат на работа, но синдикатите одлучија да го продолжат штрајкот.

Денеска, според најавите, им се приклучуваат и други синдикати, поради што се предвидуваат многу големи проблеми, особено во јавниот превоз, бидејќи се очекува да се укинат дури половина од сите железнички врски, пренесуваат медиумите во регионот. Тие штрајкуваат и во секторите за јавно здравје и храна. Во неделата, десетици илјади луѓе се собраа во Париз на демонстрации против зголемените трошоци за живот.

Можете да прочитате

Во Индија загинаа 20 патници откако се запали автобус

Сенатот на САД не го усвои законот за финансирање

Трамп: Путин може веднаш да ја заврши војната, но не сака