Утрински Весник
Спорт

Геце и тинејџерот Мукоко на спискот за Катар

Геце и тинејџерот Мукоко на спискот за Катар
Dik 300x250 mk

Германскиот селектор Ханси Флик го објави спискот на фудбалери со кои ќе се обиде да го освои Мундијалот во Катар. Германија, според обложувалниците е петтиот фаворти на турнирот, зад Бразил, Аргентина, Фрнција и Англија.

dobivaj vesti na viber

Ханси Флик, ја изненади јавноста со изброто на фудбалери. По пауза од пет години во националниот тим повторно има место за херојот од 2014, Марио Геце. Во нападот шанса ќе добијат тинејџерот од Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко и за пошироката европска и светска јавност, непознатиот Никлас Филкруг од Вердер.

Филкруг има 26 години, сезонава постигна 10 гола. Тој доби шанса да игра на местото на Тимо Вернер.

Вернер поради повреда ќе го пропушти СП, исто како и Марко Ројс. На спискот го нема Робин Госенс, кој има мала минутажа во Интер.

Голмани: Мануел Нојер (Баерн Минхен), Марк-Андре тер Штеген (Барселона), Кевин Трап (Ајнтрахт)

Одбрана: Армел Бела Кочап (Саутемптон), Антонио Ридигер (Реал Мадрид), Тило Керер (Вест Хем), Никлас Зиле (Дортмунд), Матијас Гунтер (Фрајбург), Нико Шлотербак (Дортмунд), Давид Раум (РБ Лајпциг), Лукас Клостерман (РБ Лајпциг), Кристијан Гунтер (Фрајбург)

Ред за врска: Јосуа Кимих (Баерн Минхен), Леон Горецка (Баерн Минхен), Илкај Гундоган (Манчестер сити), Јонас Хофман (Борусија Менхенгладбах), Јулијан Брант (Борусија Дортмунд), Марио Геце (Ајнтрахт Франкфурт)

Напад: Томас Милер (Баерн Минхен), Серж Гнабри (Баерн Минхен), Лерој Сане (Баерн Минхен), Јусуфа Мукоко (Борусија Дортмунд), Карим Адејеми (Борусија Дортмунд), Никлас Филкруг (Вердер Бремен), Каи Хаверц (Челзи), Џамал Мусијала (Баерн).

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс