Утрински Весник
Свет

Гебреисус: Горештините се закана по јавното здравје и имаат смртоносен потенцијал

20221104011635 big 730x400 42.webp.webp

Генералниот секретар на Светска здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреисус вчера предупреди дека екстремно високите температури претставуваат растечка закана по јавното здравје и има смртоносен потенцијал, бидејќи многу делови од светот се зафатени од топлотен бран.

– Горештините се една од најсериозните и најбрзо растечките закани по здравјето и безбедноста што ги претставуваат климатските промени. Околу 500.000 луѓе умираат низ целиот свет секоја година од причини поврзани со топлото време, наведе Гебреисус, додавајќи оти можат да се спречат големиот број смртни случаи.


Тој цитираше научна студија, која ги испитуваше глобалните температури и смртните случаи од 2000 до 2019 година. Истражувањето покажа дека се намалуваат смртните случаи поврзани со студ, а се зголемува бројот на починати од екстремно високите температури.

СЗО препорачува заштитните мерки да се фокусираат на ранливите групи – повозрасните луѓе, лицата со хронични здравствени состојби, бремените жени и децата, како и работниците и социјално загрозените популации.

Можете да прочитате

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД

Реактор во нуклеарна централа во Јапонија се исклучи откако се активира аларм за проблем со генераторот

Во Британска Колумбија прогласена вонредна состојба поради пожар, евакуирани се 22.000 луѓе