Фудбалерите на Интер со победата над Викторија Плзен изборија пласман во осмина-финалето во Лигата на шампионите. Интер ја мина групата во која беа и Баерн, односно Барселона.
Газадата на Интер, Жанг Кангјанг, реши богато да ги награди фудбалерите за изборениот пласман меѓу најдобрите 16 екипи во Европа.
Секој играч ќе добие по 2.000.000 евра, што е дупло повеќе од сумата што ја добија минатата сезона за пласманот во осмина-финалето.
„Пласманот во осмина-финалето е доказ за работата што ја работиме. Никој не се осмелуваше да го замисли ова пред шест години. Ние секогаш работиме на растот и на подобрувањето на нашата структура. Ние сме победнички тим, на теренот и надвор од него. Успехот им го посветувам на навивачите кои секогаш нè поддржуваат, на сите што работат со мене, како и на моето семејство“, изјави по натпреварот за „Скај спорт“, беше ентузијаст по натпреварот Жанг Јуниор, чиј татко Жанг Џиндонг е високо рангиран во Комунистичката партија на Кина.
Како лидер на групацијата „Санинг Холдингс“, неговиот син поседува нешто помалку од 70 отсто од Интер и нема намера да го напушти клубот.
„Интер се продава? Тие шпекулации кружат веќе две-три години. Секогаш има многу шпекулации, но мора да се фокусираме на себе. Не разговарам со ниту еден инвеститор, клубот не е на продажба. Ќе бидеме фокусирани на победите сè додека јас сум претседател“, изјави Жанг, во Европа познат како Стив.