Утрински Весник
Свет

Газа: Животите на новороденчињата во опасност поради глад и недостиг на лекови

20250415112219 big 730x400 95.webp.webp

Поради израелската блокада, новороденчињата во Појасот Газа се во сериозна опасност од глад и недостиг на неопходна медицинска нега, јавува Анадолија.

Палестинските педијатри кои работат во медицинскиот комплекс Насер предупредуваат дека бебињата – особено оние со слаб имунитет или вродени заболувања – не можат да добијат основна исхрана и терапија. Лекарите истакнуваат дека дури и најосновните потреби не можат да се задоволат поради строгата блокада и недостигот од медицински средства.


Според податоците на палестинските власти, од почетокот на израелските напади во октомври 2023 година, во Газа загинале околу 51.000 лица, од кои најголемиот дел се жени и деца. 

Можете да прочитате

Жена загина, а две лица се повредени во напад во училиште во Полска, уапсен е 15-годишен ученик

ФБИ уапси тинејџер кој планирал масовен напад во трговски центар во Минесота

СЗО: Нема целосна слика за случајот со можна смрт од чума во Русија