Утрински Весник
Свет

Газа: За четири дена борби околу Кан Јунис раселени 180.000 луѓе

1722069834 Gaza.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Повеќе од 180,000 луѓе се раселени за четири дена колку што траат борбите околу Кан Јунис, град во јужниот дел на Појасот Газа, соопштија Обединетите нации по израелската операција за извлекување на телата на заробениците.

„Околу 182,000 Палестинци беа принудени да го напуштат централниот и источниот дел на Кан Јунис од понеделникот бидејќи интензивирањето на непријателствата поттикна нови бранови на внатрешно раселување низ Газа“, соопшти Канцеларијата за хуманитарни прашања во Газа, додавајќи дека „стотици други останале без можност да се преселат некаде во источниот Кан Јунис“.

Израелската војска соопшти дека „елиминирала околу 100 терористи“ во Кан Јунис во последните четири дена.

Таа, исто така, објави дека пронашла тела на петмина Израелци во Кан Јунис, вклучително и двајца војници и двајца резервисти кои беа убиени во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и одведени во Појасот Газа.

Можете да прочитате

Планот на Европа за одбрана на Гренланд – постојат четири опции

Минесота се повлече од истрагата за агентот на имиграциските власти кој усмрти жена, бидејќи нема пристап до докази

Донорска кожа од починати лица пристигна во Швајцарија за настраданите во пожарот во Кран-Монтана