Утрински Весник
Спорт

Гасперини ќе биде нов тренер на Наполи?

Гасперини ќе биде нов тренер на Наполи?

Новиот италијански шампион Наполи многу веројатно ќе има нов тренер за следната сезона. Спалети вчера потврди дека донел одлука и нема да го менува мислењето, најавувајќи ја разделбата.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, наводно веќе и одлучил кој ќе го наследи на тренерската позиција. Според „Туто Наполи“, ексцентричниот сопственик на „наполитанците“ го избрал Џанпјеро Гасперини, сегашниот тренер на Аталанта.

Иако се споменуваа Антонио Конте и Рафаел Бенитез, сепак, Аурелио Де Лаурентис го сака Гасперини на клупата на тимот.

Наполи планира да му понуди на Гасперини двегодишен договор со плата од 4 милиони евра.

Спалети речиси сигурно ќе го напушти Наполи и покрај тоа што го предводеше тимот до првата титула во Серија А по 33 години. Тој не е во најдобри односи со Де Лаурентис, а веста за разделбата ќе биде официјално објавена на 4 јуни, по натпреварот против Сампдорија во последното коло.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами