Утрински Весник
Македонија

Гаши за промената на Уставот: Прашањето треба да биде решено што побргу

Image 208910.jpg

На прашањето дали има договор за промена на Уставот, Африм Гаши, новиот претседател на Собранието, одговори дека тоа е сензитивно прашање, особено за Македонците.

На прашањето дали има договор за промена на Уставот, новиот претседател на Собранието, Африм Гаши, одговори дека тоа е сензитивно прашање, особено за Македонците. Во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма, Гаши истакна дека Македонците не го прифаќале т.н. француски предлог, па затоа ВМРО-ДПМНЕ освоило поголем број на гласови на изборите.

”Сепак, сега сме во друга фаза – сакаме сите да одиме напред.

Најголем број граѓани и политички партии, освен една, сите сме за интеграција на земјата во ЕУ, и тоа побргу, барем така се изјаснуваат декларативно.

Треба да разговараме за тоа што ВМРО го стави во програмата. Ќе има и нови моменти по изборите во Бугарија и изборите во Европскиот парламент.

Треба во мозаикот да се имаат сите елементи зашто цело е кога има сè, за да може ова горливо прашање да го решиме”, истакна Гаши.

Нагласи дека прашањето треба да се реши што побргу, но истакна дека тоа не смее да биде на сметка на културниот и јазичниот идентитет на Македонците.

”Не можеме да ги ризикуваме меѓуетничките односи за друг проблем, така ништо не сме направиле. Треба да работиме на поголема кохезија на сите заедници, особено на првите две по големина – македонската и албанската. Ако имаме разбирање за нашиот културен и јазичен идентитет, само по себе ќе даде енергија во процесот на побрза интеграција на земјата во Европската Унија”, додаде Гаши.

Можете да прочитате

Цело Скопје блокирано: Почна Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Почна Министерскиот состанок на ПСЈИЕ

Филипче: Во обидите да одржиме стабилна влада и ги решиме стратешките проблеми, отстапивме премногу моќ на ДУИ