Утрински Весник
Македонија

Гаши се нуди за медијатор меѓу власта и опозицијата околу законот за Кочани

Afrim Gasi Nasa Sobranie 696x534 1.jpg

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во интервју за Телевизија 24 во врска со Законот за поддршка на семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани којшто го предлага СДСМ рече дека Владата и опозицијата треба да донесат заеднички закон.

-Мислам дека треба да седнат заедно. Не се сомневам во намерите но подобро би било да седнат заедно министерството и владата со опозицијата да го видат законот да донесеме заеднички закон. Вака носење две стратегии, два закони мислам дека ќе направи проблем, вели Гаши за ТВ 24.


Претседателот на Собранието се понуди и како медијатор за да се издејствува консензус за Законот за Кочани.

-Секогаш кога е за доброто на граѓаните на државата и кога се зборува за консензус сите знаат дека може да сметаат на мене. Навистина сакам да помогнам и имам добри релации со сите политички фактори и се трудам да бидам еден мост на зближување помеѓу политичарите и граѓаните, вели Гаши.

СДСМ денеска објави дека пратениците од опозицијата денеска повторно го поднесуваат предлог Законот за поддршка и рехабилитација на настраданите во несреќата во Кочани и на членовите на нивните семејства- сега по редовна постапка и повикаа на поддршка од сите пратеници.

Предлог-законот на СДСМ предвидува финансиска, здравствена, психолошка, образовна и социјална поддршка, вклучително и еднократен надоместок од 80.000 евра за семејствата на загинатите, како и надоместоци за повредените – зависно од тежината на повредите.

Можете да прочитате

Модно студио и тазе фирма од Скопје за 3,8 милиони евра ќе кројат униформи за специјалната полиција!

Мајмунски сипаници пристигнаа и во Македонија – првите два случаи потврдени

Први случаи на мајмунски сипаници потврдени во Македонија