Утрински Весник
Македонија

Гаши: Се чувствувам добро, благодарам на целиот здравствен персонал на Клиниката за дигестивна хиругија

Gasi.webp.webp

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денес се обрати до јавноста по неколкудневното лекување на Клиниката за дигестивна хирургија.

„Неколку дена по мојот престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, денес се чувствувам добро и, откако беа извршени сите потребни прегледи, отпуштен сум од болница. Благодарение на Бога мојата здравствена состојба сега е стабилна.


Најпрво, чувствувам внатрешен порив длабоко и искрено да им се заблагодарам на сите кои се погрижија за мене во овој период.

Посебна благодарност до директорот на клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, до лекарите, медицинските сестри и до целиот здравствен персонал кои ме третираа со професионалност, посветеност и хуманост.

Исто така, од срце ви се заблагодарувам на сите вас, пријатели, колеги, сограѓани, претставници на институции и медиуми за убавите зборови, за бројните пораки и постојаниот интерес. Вашата грижа беше дополнителна сила за моето закрепнување.

Се враќам повторно на извршување на јавните должности, свесен за одговорностите што ги носам и исполнет со љубовта што ја добив. Срдечно Ви благодарам“ напиша Гаши.

Можете да прочитате

Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес

Сончево и топло со температура до 43 степени Целзиусови

Ангелов: Најтежок за гаснење е пожарот на тромеѓето меѓу општините Василево, Берово и Радовиш