Утрински Весник
Македонија

Гаши: Нема информации за тајно сценарио за хаос, но декларацијата ќе биде обврска за сите партии

530632442 1323920769097442 3672330091302941767 n.jpg

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, најави дека пратениците ќе разгледаат и усвојат заедничка Декларација за фер и демократски избори, со цел да се испрати силна и позитивна порака до јавноста. На брифинг со новинарите, тој истакна дека документот веќе е доставен до пратеничките групи и очекува да биде изгласан со консензус на седницата закажана за 12 септември.

„Очекувам Декларацијата да биде усвоена со консензус на собраниска седница предвидена за 12 септември. Идејата е да се испрати позитивна порака до граѓаните. Посилна е пораката и пообврзувачка, ако се потпише во Собранието“, рече Гаши.


Во однос на шпекулациите за можни тајни сценарија на опозицијата за предизвикување хаос на претстојните избори, за кои претходно предупреди премиерот Христијан Мицкоски, собранискиот спикер изјави дека до него не стигнале такви информации. Тој додаде дека доколку постојат индиции за такво нешто, Декларацијата ќе биде уште еден чекор кон тоа партиите да се обврзат на фер и демократски процес.

„Проблемот е што ние секои избори ги правиме како да се последни, како да се за живот или смрт. Локални избори треба да бидат за тоа што градоначалниците треба да понудат“, нагласи Гаши.

Осврнувајќи се на последните случувања околу Изборниот законик, кој не беше изменет на претходната собраниска седница, Гаши изјави дека ова прашање е затворено и изборите ќе се спроведат според упатството на Државната изборна комисија. На забелешките дека свикувањето на седницата било политички маркетинг, бидејќи однапред се знаело дека не постои потребното Бадентерово мнозинство, тој одговори:

„Не беше за маркетинг, беше обид. Имаше најава, обид и координација со сите партии. Ако не ја свикав седницата, впечатокот ќе беше дека Собранието не се ни обидело да ги искористи сите можности, немаше да се знае кој гласа ‘за’, а кој бил против.“

Гаши најави дека изборот на претседател на Државната комисија за спречување корупција и нов Народен правобранител ќе биде разгледан по изборите. За септември, тој потврди дека се планирани две седници – на 2 и 12 септември, при што на последната ќе се гласа и за Декларацијата, а ќе се одржат и редовните пратенички прашања.

Можете да прочитате

ФФМ изрече најстрога санкција – Доживотно исклучување за играч на Шкупи

Финансиската полиција: Уапсени седум лица за даночни измами и перење пари, го оштетиле буџетот за 430 милиони денари

Меџити: 5 милиони денари за чистење на депонијата во Никуштак