Утрински Весник
Спорт

Гарначо потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед

Гарначо потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед

Аргентинскиот интернационалец Алехандро Гарначо потпиша нов договор и ќе остане на „Олд Трафорд“ до јуни 2028 година.

dobivaj vesti na viber

„Манчестер јунајтед со задоволство може да соопшти дека Алехандро Гарначо потпиша нов договор според кој ќе остане во клубот до 30 јуни 2028“, стои во соопштението на клубот.

Гарначо е пресреќен што уште долго ќе биде дел од Манчестер јунајтед.

„Кога дојдов во овој неверојатен клуб, сонував да дебитирам, да играм на „Олд Трафорд“, да го постигнам мојот прв гол и да освојувам трофеи. Драго ми е што сонот продолжува“, изјави Гарначо.

Можете да прочитате

ЛШ: Бенфика победи во Белград, Баер сигурен против Феејнорд (ВИДЕО)

Општа тепачка на мечот меѓу КК Чаир 2030 и КК ТФТ

Македонија e 72. место на ФИФА ранг листата