Утрински Весник
Свет

Гамбија и Индија истражуваат смрт на 70 деца поврзана со сируп за кашлица

Гамбија и Индија истражуваат смрт на 70 деца поврзана со сируп за кашлица

Гамбија и Индија ја истражуваат смртта на 70 деца од акутно оштетување на бубрезите во западноафриканската земја за кои се верува дека е поврзано со сирупите за кашлица направени од Maiden Pharmaceuticals Ltd во Индија.

dobivaj vesti na viber

Светската здравствена организација соопшти дека открила „неприфатливи“ нивоа на потенцијално токсични состојки во четири од производите на фармацевтската компанија, објави „Ројтерс“.

Во меѓувреме, Индонезија ги забрани состојките поврзани со смртта на 70 деца во Гамбија, додека ја истражува смртта на повеќе од 20 деца во главниот град Џакарта, поради оштетување на бубрезите оваа година.

Можете да прочитате

Русија: Германските ракетни системи се легитимни воени цели

Мелони руши рекорд: Нејзината влада е најдолготрајна од Втората светска војна

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна