Утрински Весник
Македонија

„Галичка свадба” е чувар на македонскиот културен и национален идентитет

Img 0734.jpeg

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, присуствуваше на традиционалната манифестација „Галичка свадба“, каде што на младенците, Стефана Димитрова и Даријан Кочоски, им го честиташе бракот со најубави желби за среќна иднина.

„Оваа манифестација игра огромна улога во зачувувањето и афирмацијата на оригиналниот фолклор, традиционалните вредности, архитектурата и народното творештво, како темели на нашиот културен и национален идентитет“, вели министерот Љутков.

Тој ги потенцира свадбарските обичаи и ритуали, богатиот колорит на народните носии, изворните песни и автентичните ора на „Галичка свадба“ како едни од најавтентичните обичаи во македонскиот фолклор и нематеријално културно добро со огромно значење за државата.

„Галичка свадба“ е атрактивна манифестација која привлекува голем број домашни и странски гости. Свадбарските обичаи започнаа вчера со обредот „фрлање три пушки“ и со „виорење на свадбениот бајрак“. Вчеравечер настап имаше и Националниот ансамбл „Танец“, кој го изведе „Тешкото“ – препознатливото оро за печалбарскиот Галичник.

Галичник и оваа година со успех ја афирмира богатата и уникатна традиција на свадбарските обреди, кои продолжија денеска на денот на венчавката на младенците во црквата во Галичник, а свеченоста ќе заврши со испраќање на тапанџиите и зурлаџиите, како финале на уште едно издание на единствената манифестација „Галичка свадба“.

Можете да прочитате

Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, рече Мицкоски со барање ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола оти долгот бил 5 милијарди денари

Лукаревска до Мицкоски: Граѓаните се гушат, каде ви е планот за чист воздух?

Никој не го пријавува инцидентот на Апасиев во Собранието, Гаши сака да остане неутрален