Утрински Весник
Македонија

Галетановски поднел оставка од функцијата шеф на Градска организација на СДСМ

Galetanovski 1.jpg

Ѓорѓи Галетановски поднел оставка од претседател на градската организација на СДСМ.

Ова за Тв24 го споделил висок функционер на СДСМ, а официјална потврда стигнала и од централата на партијата.


”Оставката е поднесена од лични и морални причини и доставена до партијата. Во однос на понатамошните одлуки органите на СДСМ ќе постапат согласно статутарните одредби на партијата, за што ќе ја информираме јавноста“ велат за ТВ 24 од СДСМ.

Галетановски е еден од петте советници од листата на СДСМ и коалицијата кои обезбедија мандат во Советот на Град Скопје.

На местото претседател на Градската организација дојде по стапувањето на Венко Филипче на челната позицијата во СДСМ.

Засега нема информации дали Галетановски ќе се повлече и од советничкото место или ќе биде советник во наредните четири години.

Можете да прочитате

НАТО Самит во Анкара: Сојузниците се обединети во нивната основна цел – заштита на секоја педа НАТО територија

Завршни зборови за предметот против Димитровска, пресудата на 14 јули

Најдобриот пензиски систем не е оној што ветува најмногу