Утрински Весник
Македонија
Img 7972

(Галерија) Прилепската фабрика “Тила” опустошена од пожарот кој се гаснеше пола ден, сопствениците не знаат како се запали

(Галерија) Прилепската фабрика “Тила” опустошена од пожарот кој се гаснеше пола ден, сопствениците не знаат како се запали
300x250 opst2

Во петокот избувна пожар во фабриката за текстилни производи „Тила“ во Прилеп. Во пожарот, како што објавија на Фејсбук сопствениците, се е изгорено, а се гаснеше половина ден со оглед на запаливите материјали.

dobivaj vesti na viber

Причините за пожарот за жал се уште не се познати и се чека од страна на надлежните органи на нивно утврдување, како и на процена на направената штета. Во моментот на избивањето на пожарот фабриката не работеше и нема повредени, велат сопствениците.

Брендот Тила е дело и креација на две сестри кои со помош на нивната семејна компанија конфекција Хатра во Прилеп започнуваат со креирање и менаџирање на компанијата уште во своите рани дваесетти години. Брендот Тила постои веќе 15 години и со години беше и е единствен македонски бренд на детска облека кој функционира професионално од типот на дизајнерските брендови.

Сопствениците најавуваат дека со поддршка од пријателите ќе го обноват производството.

Можете да прочитате

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

Манасиевски: Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче

Најстудено утрово во Лазарополе – 24info.mk