На Марково поле беше извршен погребот на Томислав Сабљо, криминалецот кој беше убиен во ноќниот клуб Риц. Од него денес се простија семејството и неговите пријатели.
Убиството на Сабљо предизвика страв во криминалните кругови во Хрватска. Убиениот криминалец Сабљо бил суров кон луѓето, но ослободил кокошки од живинарска фарма.
На социјалните мрежи е објавена снимката од убиството во ноќниот клуб „Риц“. Сабљо беше убиен во саботата во 4 часот и 40 минути по судир со обезбедувањето, а досега се уапсени двајца осомничени.
За убиството е осомничен Кристијан Кнего, шеф на обезбедувањето на клубот, а уапсен е и Доријан Мраковиќ (26), суспендиран загрепски полицаец, кој му го дал пиштолот од кој обезбедувачот пукал кобната вечер.
Томислав Сабљо ѝ е стар познајник на полицијата, а на пошироката јавност ѝ е познат како обвинет на Ускок и еден од протагонистите на акцијата „Тебра“
Инспекторите од Ускок поднесоа обвинение против Сабљо обвинувајќи го дека е шеф на криминална група која шверцувала 15,7 тони марихуана во Хрватска, како и дека организирал палење автомобили и подготвувал физички напади врз челниците на „Динамо“ и други луѓе.