Утрински Весник
Економија

Г7 сака да ја ограничи цената на руската нафта

Г7 сака да ја ограничи цената на руската нафта

Групата од седум најразвиени земји во светот (Г7) размислува да ја ограничи цената на руската нафта од море во опсег од 65 до 70 долари за барел, јавува „Ројтерс“ повикувајќи се на изјава на неименуван дипломат на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

За овој предлог разговараа и амбасадорите на 27-те земји од ЕУ со цел до крајот на денот да се постигне заеднички став.

Групата седум, вклучувајќи ги САД, ЕУ и Австралија, треба да воведе ограничување на извозната цена на руската офшор нафта на 5 декември како дел од санкциите против Москва поради нејзината инвазија на Украина, додава британската агенција.

Можете да прочитате

Оваа недела ќе се одржи 57. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Конференција на Народната банка: Стабилноста, иновацијата и отпорноста како столбови на економијата

Цените на храната растат, платите не мрдаат, велат од СДСМ