Утрински Весник
Магазин

„Фуриоза“ заработи само 32 милиони долари во првиот викенд

20240529102029 Big 730x400 82.webp.webp

Претпродолжението на „Лудиот Макс“ има разочарувачки почеток на американскиот „бокс-офис“.

Во продолжениот празничен прв викенд, имено, филмот „Фуриоза“ заработи само 32 милиони долари – една од најниските заработки на киноблагајните во САД во овој продолжен викенд, од 1995 година досега. Пред 29 години, „Каспер“ заработи 22,5 милиони долари, пишува Би-би-си.

Сепак, „Фуриоза“ го надмина „Гарфилд“ (The Garfield Movie), којшто заработи „едвај“ 31,1 милион долари.

Претходниот, 4. дел од сагата, „Лудиот Макс: Пат на бесот“ од 2015 година беше објавен во „обичен викенд“ и првично заработи околу 45 милиони долари во САД, а 380 милиони долари на ниво на светот во првите три дена прикажување.

Инаку, буџетот на „Фуриоза“ се проценува на 168 милиони долари. Се предвидуваше дека филмот ќе има барем сличен успех како „Пат на бесот“.

Можете да прочитате

До која возраст бебето треба да спие со родителите?

Бакнежи: Наука и историја

Илон Маск за церемонијата на отворање на Олимпијадата: Беше крајно непочитување кон христијаните