Утрински Весник
Македонија

Фудбалер почина по срцев удар на теренот

Fudbaler.png

Египетскиот фудбалер и поранешен репрезентативец на оваа земја Ахмед Рефат почина на 31-годишна возраст како последица на срцев удар, соопшти денеска прес-службата на Фудбалскиот сојуз на Египет.

Фудбалерот на египетскиот прволигаш Фјучерс доживеа срцев удар на натпреварот од 16. коло на египетското првенство против Ал-Итихад (0:0), кој се одигра на 11 март.

Рефат загуби свест и падна на теренот по што беше пренесен во болница каде лекарите успеаја да го оживеат, но неговата здравствена состојба останала нестабилна и беше ставен во индуцирана кома.

Рефат дебитираше за репрезентацијата на Египет во 2013 година и одигра вкупно седум натпревари на кои постигна два гола.

Можете да прочитате

Нови детали од Прилеп: Тројца мртви, убиецот пукал кон полицијата, фрлил бомба па се самоубил

ПРОДОЛЖУВА СУШНИОТ ПЕРИОД: Во Македонија нов, но послаб топол бран!

Вечерва вооружено лице држи заложници, неофицијално има и мртви во Прилеп