Утрински Весник
Свет

Фридрих Мерц е избран за нов германски канцелар

Frodrih Merc Cdu 3 F.jpg
Dik 300x250 mk

Фридрих Мерц, е избран за нов германски канцелар во Бундестагот, пренесуваат светските медиуми.

На второто гласање, кое се одржа попладнево, Мерц е избран со 325 гласа „за“. „Против“ биле 289 члена на Долниот дом на парламентот, еден бил „воздржан“, а три гласа биле неважечки, пишува „Гардијан“.


Претходно, во првиот круг, германскиот конзервативен лидер Фридрих Мерц не успеа да го освои потребното мнозинство за да стане канцелар во првиот круг од гласањето во Бундестагот бидејќи само 310 од 630-те члена на Долниот дом на парламентот гласаа за него. За да обезбеди мнозинство, му беа потребни 316 гласа.

ЦДУ/ЦСУ (208) и СПД (120) заедно имаат 328 места во Бундестагот, само 12 повеќе отколку што им се потребни

Можете да прочитате

Кој стои зад грабежот на векот: Еве како изгледа украдениот накит од Лувр (ФОТО)

Лувр под клуч: По спектакуларната кражба продолжува потрагата по виновниците

Орбан: Успехот на самитот во Будимпешта е од егзистенцијален интерес за Унгарија