Утрински Весник
Свет

Француските земјоделци упаднаа на саемот во Париз, каде што требаше да се појави Макрон

20240224103337 Big 730x400 84.webp.webp

Група француски земјоделци упаднаа на големиот земјоделски саем во Париз пред планираната посета на претседателот Емануел Макрон со цел да го изразат својот гнев поради трошоците, бирократијата и „зелените“ прописи.

Земјоделците повикуваа на оставка на Макрон, додека француската полиција се обидуваше да ги контролира протестите.

Имаше неколку судири со демонстрантите, а полицијата уапси најмалку еден од нив.

Макрон, кој појадуваше со лидерите на синдикатите на француските земјоделци, потоа требаше да се прошета низ саемот. Но, тој ја откажа дискусијата што сакаше да ја одржи на саемот денеска со земјоделците, преработувачите на храна и трговците на мало, откако синдикатите на земјоделците рекоа дека нема да се појават.

Француските земјоделци претходно овој месец ги прекинаа протестите кои опфаќаа блокирање автопати и фрлање ѓубре пред јавните згради, откако премиерот Габриел Атал вети нови мерки вредни 400 милиони евра.

Но, протестите продолжија оваа недела, пред саемот за земјоделство во Париз, за ​​да извршат притисок на Владата да испорача поголема помош и да ги исполни ветувањата.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме